Луксузни апартмани се издаваат на еден ден

Bez autora
Jan 08 2014

Ако порано само во нашите летни или зимски туристички центри Струга, Охрид, Дојран или Маврово можеше да се изнајми приватен апартман, стан или куќа за ден, два или недела-две, во последниве една-две години стана пракса и во Скопје. И во главниот град во кој постојано се зголемува бројот на туристите, слично како и во светските метрополи, но и во соседството, Белград или Софија, веќе може да се изнајми стан за покус или подолг престој, при што корисниците добиваат врвен комодитет, а пониски цени отколку во хотелите и во мотелите. За 25 до 50 евра се изнајмуваат луксузни станови со една или повеќе спални соби, со опремена кујна, интернет, светски ТВ-канали при што во цената се вклучени сите трошоци, а се добива и чистење на становите. С` повеќе агенции во Скопје, покрај класичното издавање станови, почнаа да се занимаваат и со ваков начин на изнајмување. На интернет, ако се пребара под поимот „луксузни апартмани“, се добиваат десетици агенции што се занимаваат со издавање популарно познат „стан на ден“.

Луксузни апартмани се издаваат на еден денАко порано само во нашите летни или зимски туристички центри Струга, Охрид, Дојран или Маврово можеше да се изнајми приватен апартман, стан или куќа за ден, два или недела-две, во последниве една-две години стана пракса и во Скопје.

И во главниот град во кој постојано се зголемува бројот на туристите, слично како и во светските метрополи, но и во соседството, Белград или Софија, веќе може да се изнајми стан за покус или подолг престој, при што корисниците добиваат врвен комодитет, а пониски цени отколку во хотелите и во мотелите.

За 25 до 50 евра се изнајмуваат луксузни станови со една или повеќе спални соби, со опремена кујна, интернет, светски ТВ-канали при што во цената се вклучени сите трошоци, а се добива и чистење на становите. С` повеќе агенции во Скопје, покрај класичното издавање станови, почнаа да се занимаваат и со ваков начин на изнајмување. На интернет, ако се пребара под поимот „луксузни апартмани“, се добиваат десетици агенции што се занимаваат со издавање популарно познат „стан на ден“. И на светската веб-страница „Букинг.ком“ се нудат 18 луксузни апартмани кои стојат на располагање на посетителите на метрополата. Kај некои од нив е можно плаќање преку интернет со картички, кај други резервацијата е преку интернет, а плаќањето по изнајмување на станот.

- Поради кризата, с` потешко оди издавањето на становите и бидејќи не се исплати луксузен стан да се даде за одвај 200 евра месечно, многумина се решија да одат на повремени издавања - вели сопственикот на четири мали апартмани во центарот на Скопје.

Тој објаснува дека становите ~ ги има дадено на агенција, која се грижи за с`- да најде клиенти, да ги чисти, менува постелнина и вели дека овој начин на изнајмување станува поисплатлив од класичното за месец, два или повеќе. Зашто со 5 дена издавање може да се земе онолку колку за цел месец. А по правило, клиентелата е „посигурна“ кога станува збор за одржување на станот.

А клиенти се деловни луѓе од странство, претставници на разни компании, но и семејства, кои заради туризам или од семејни причини доаѓаат во Скопје, а не ретко и луѓе од земјава што од различни причини - деловни или здравствени, изнајмуваат станови за неколкудневен престој, што им е многу поисплатливо. Зашто, во стан од 45 квадратни метри, еднодневен престој чини од 20 до 25 евра, што ако се подели на двајца, е поевтино отколку во хотел.

- Нашите деловни партнери што доаѓаат од Белград секогаш ги сместуваме во вакви станови. И добро е што и кај нас почнаа вака да се издаваат станови. Поголем стан се добива за 50 евра, во кој нашите партнери имаат дневна соба, кујна и три спални соби, односно целосен комодитет, при што не мора да се чувствуваат изолирано како што е случај кога си во хотелска соба - вели Тања K., сопственик на фирма од Скопје.

Во агенциите што се занимаваат со кратки изнајмувања велат дека идејата е пресликана од други големи градови, бидејќи и наши граѓани многу често, кога одат деловно или туристички во европските метрополи, се определуваат за изнајмување „стан на ден“.

- Постојат неколку вида агенции што нудат куси изнајмувања. Некои нудат можност за еднодневен престој, некои имаат понуди од најмалку три или пет дена, а мојата агенција нуди подолг престој, од две недели, преку еден и повеќе месеци - вели сопственикот на една од агенциите, која има понуда од 20 стана, од еднособни до трисобни.

Kлиенти се странци, претставници на мисии или фирми кои се овде на реализација на проекти на кои им е подобро да изнајмат луксузен стан и да немаат никакви грижи.

- Луѓе што подолго престојуваат во Скопје претпочитаат изнајмување станови, и за да не мора да се грижат за нивно чистење, да имаат чиста постелнина и крпи, без обврска за плаќање сметки, избираат ваков начин. Ние имаме станови што сопствениците ни ги нудат на изнајмување, а ние обезбедуваме клиенти и се грижиме станот да се исчисти, да се среди, менуваме постелнини и крпи, обезбедуваме хемиско чистење ако клиентот сака, превоз од и до аеродром или на друго место и слично - објаснува тој.

Меѓутоа, за да се влезе во ваквата понуда, станот треба да е навистина луксузен и убаво опремен. А со оглед дека с` потешко оди класичното издавање станови, многумина од тие што имаат „вишок“станови се решаваат да вложат во реновирање и опремување за да влезат во понудата „стан на ден“.

Расте бројот на туристите

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2013 година изнесувал 61.300, а бројот на ноќевањата изнесува 138.375. Притоа, бројот на туристите во споредба со октомври 2012 година, е зголемен за 19 отсто, а бројот на ноќевањата за 13 отсто. Kај домашните туристи зголемувањето е за 6,1 отсто, а кај странските туристи - за 26,1 отсто.

Во периодот јануари-октомври 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6,1 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 2.8 отсто, а кај странските има зголемување за 14,1 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik